Штипски „Кит-Го“ сака да ги купи маркетите на „Тедико“

Bez autora
Jun 17 2014

Трговскиот ланец „Тедико“ веќе половина година преговара со штипската компанија „Кит-Го“ до крајот на јуни да ги продаде маркетите. Оваа информација денеска ја пренесоа одредени медиуми и портали, пренесувајќи ја изјавата на актулениот сопственик на ланецот маркети, Раде Трајковски, дека маркетите ќе останат и ќе бидат надополнети со нова стока од новиот сопственик, само името ќе се ребрендира. Веќе шест месеци водиме интензивни преговори со компанијата „Кит-Го“ од Штип. Многу фирми беа пријавени на огласот за откупување на маркетите, а единствено „Кит-го“ ги даде најдобрите услови и најсоодветната понуда. Преговорите се одолговлекоа поради мои здравствени прични, но се надевам дека ќе бидат завршани до крајот на овој месец. Сопственикот само ќе треба да го ребрендира името и да почне со работа, изјави Трајковски.

Штипски „Кит-Го“ сака да ги купи маркетите на „Тедико“Трговскиот ланец „Тедико“ веќе половина година преговара со штипската компанија „Кит-Го“ до крајот на јуни да ги продаде маркетите.

Оваа информација денеска ја пренесоа одредени медиуми и портали, пренесувајќи ја изјавата на актулениот сопственик на ланецот маркети, Раде Трајковски, дека маркетите ќе останат и ќе бидат надополнети со нова стока од новиот сопственик, само името ќе се ребрендира.

„Веќе шест месеци водиме интензивни преговори со компанијата „Кит-Го“ од Штип. Многу фирми беа пријавени на огласот за откупување на маркетите, а единствено „Кит-го“ ги даде најдобрите услови и најсоодветната понуда. Преговорите се одолговлекоа поради мои здравствени прични, но се надевам дека ќе бидат завршани до крајот на овој месец. Сопственикот само ќе треба да го ребрендира името и да почне со работа“, изјави Трајковски.

Во моментот, менаџерскиот тим на „Кит-Го“ ја разгледува финансиската состојба пред да ги презеде маркетите.

Во јавноста се шпекулираше дека маркетите се пред затворање и тоа ќе се случи минатиот петок. Тогаш Трајковски демантираше дека нема затворање на марекетите и „Тедико“ ќе продолжи да работи исто како и досега.

Според најновиот извештај на Управата за јавни приходи, маркетите „Тедико“ на државата и должат повеќе од 26 илјади евра неплатен данок.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik